27.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Ливерпул стигна до неколку рекорди со победата над Вулверхемптон

Без разлика на сите контроверзии од денешниот меч меѓу Ливерпул и Вулверхемптон, гигантот од „Енфилд роуд“ на крајот заврши во стилот во кој ја изигра цела сезона, а тоа е победнички.Триумфот над Волците за Ливерпул донесе неколку рекорди.

Само третпат во историјата на англиското првенство се случи еден тим да има 50 меча без пораз на свој терен. Ливерпул денеска стигна до 40-тата победа, а има и 10 нерешени средби. Претходно тоа му успеало само на Челзи, кој е рекордер со 86 средби без пораз на „Стемфорд бриџ“ во периодот од 2004 до 2008 година, а Ливерпул во периодот од 1978 до 1980 имаше 63 дуели без пораз на свој терен.

Ако се пресметаат мечевите одиграни во 2019 година, Ливерпул освои вкупно 98 бодови во 37 натпревари, што е просек од 2,65 поени по меч. Тоа е вториот најголем процент за еден тим во тековна година. Само Челзи во 2005 година успеа да ја заврши со просек од 2,66 поени освоени по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести