ВАР-системот е херојот на лидерот: Ливерпул победи во мечот со најконтроверзни пет минути сезонава (Видео+Фото)

Ливерпул славеше против Вулверхемптон со 1:0 во мечот кој ги имаше најконтроверзните неколку минути сезонава. Садио Мане беше стрелец на единствениот погодок за домаќините, но сепак ВАР-технологијата ја имаше главната улога на средбата.

До 40 минута беше 0:0, а потоа следуваше неколкуминутно шоу. Мане даде гол, а судијата го поништи. Сепак, го прегледување на ВАР-технологијата, погодокот на ѕвездата на Ливерпул беше признаен за голема радост на „Енфилд роуд“.

Кога се очекуваше Ливерпул мирно да замине со предност на полувремето, се случи нова драма, но овојпат пред голот на Ливерпул. Нето даде гол за Вулверхемптон, гостите се радуваа, но судијата покажа дека ВАР-системот треба да го даде последниот збор. По прегледувањето на ситуацијата, беше утврдено дека прстите на гостинскиот играч се во офсајд и погодокот не беше признат.

Гостите бурно реагираа, но судијата остана доследен дека погодокот е нерегуларен.

Во вториот дел немаше толку големи возбудувања, а Ливерпул ја сочува предноста за минимална победа и вкупно 55 бодови по 19 одиграни мечеви. Второпласираниот Лестер има 42 бодови и меч повеќе.

Најинтересните моменти од мечот може да ги видете на линкот, а контроверзните пет минути започнуваат од 4:20 на видеото.

https://youtu.be/neZjEi0CIyg

- Оглас -

Најнови вести