Англискиот премиерлигаш годинава нема среќа со трансферите, и се чини дека ќе остане без планираното засилување и во зимскиот преоден рок.
Според португалски Рекорд, дефанзивецот на Бенфика, Антонио Силва, нема намера да се пресели во Ливерпул кој е подготвен да плати 120 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула, бидејќи преферира трансфер во Реал Мадрид.
Ова е втор голем удар за Ливерпул, бидејќи летово Фелипе Каиседо одби да потпише за Црвените бидејќи му даде збор на Челзи.