Ливерпул вечерва ќари 5 милиони евра од Барселона !

Англискиот премиерлигаш Ливерпул дефинитивно по добро ќе ја памти Барселона оваа сезона. Откако ливерпул успеа да го елиминира каталонскиот гигант во полуфиналето од Лигата на шампиони, вечерва заработи дополнителни пет милиони евра, токму од Барселона. Како е тоа можно?

Во стартниот состав на Барселона беше Филипе Кутињо, кој дојде од Ливерпул. Во тогаш потпишаниот договор на двата тима, има клаузула која вели дека Барселона ќе треба на Ливерпул да му плати дополнителни пет милиони евра, ако Бразилецот одигра 75 меча во тимот од „Камп Ноу“. Токму денешниот меч е 75-ти за Кутињо во дресот на Барселона, а тоа значи дека Ливерпул заработи пари благодарение на финалето од Купот на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести