Ливерпул во Премиер лигата доминира како да не е од оваа планета

Ливерпул сигурно чекори кон шампионска титула во Премиер лигата и незапирливо ги гази сите кои ќе му се испречат на патот, а вечерва жртва на Црвените беше Лестер, кој настрада со 0-4. Со 17 победи во 18 кола, Ливерпул покажува доминација каква што ретко се гледа.

Во 71-вата минута Милнер погоди од пенал за 2-0 и Лисиците психолошки паднаа, па европскиот првак ги докусури со уште два гола во наредните седум минути.

Ливерпул сега има 13 бода предност пред второпласираниот Лестер, а лидерот има и еден меч помалку. До вечерва, Лестер на свој терен имаше примено само пет гола, а сега за 80 минути прими четири.

Роберто Фирмино своите последни девет гола ги даде на гостински терен, Милнер има утнато само еден пенал од 14-те изведени во дресот на Ливерпул, додека Клоп дојде до 500-тиот гол на неговиот тим откако е на клупата на Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести