Ливерпул знае како против Сините, и во третото финале по ред го победи Челси, но овој пат не ги чекаше пеналите (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул го освоија првиот трофеј сезонава откако во финалето на Лига Купот со 1:0 по продолженијата го совладаа Челси.

Ова беше трето финале меѓу Ливерпул и Челси во последните две години и по третпат трофејот го креваат Црвените. Тие и во 2022 година играа во финалињата во Лига купот и во ФА купот и Ливерпул двапати славеше по подобро изведување на пенали.

И овој пат малку фалеше повторно пеналите да го одлучуваат победникот, бидејќи по 90 минути игра беше 0:0, но во второто продолжение, во 118-тата минута, Вирџил ван Дајк го совлада голманот на Челси, Петровиќ, за триумф.

Успехот на Ливерпул добива на тежина ако се знае дека менаџерот Јирген Клоп не можеше да смета на најголемите ѕвезди кои се повредени и мораше да игра со неколку играчи од младиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести