Лојд ја осигура победата на Црвена Ѕвезда, шпанските екипи останаа без бодови

Америнакецот Џордан Лојд потврди дека ќе биде големо засилување за Црвена Ѕвезда и вечерва со брилијантен настап ги предводеше „црвено-белите“ до прва победа во новото издание на Евролигата.

Белграѓани ја декласираа Басконија со 90:73, а Лојд кој пристигна од Валенсија пред да започне Евролигата беше убедливо најдобар на паркетот со 30 поени.

Црвена Ѕвезда го загуби само вториот период од играта, а доминираше во три четвртини и ги освои првите бодови. Симоновиќ со 16 поени беше само вториот кошаркар во победничката екипа со двоцифрен број на поени, но тимската игра и одличниот Лојд беа сосема доволни за убедлив триумф на Црвена Ѕвезда.

Големо изненадување приреди руски Зенит со победа против Барселона на домашен терен со 74:70 и има максимален број на бодови по две кола.

Гостите водеа во поголемиот дел од мечот, но финишот им припадна на кошаркарите на Зенит. Берон и Појтрес постигнаа по 16 поени во тврд меч, а Пангос имаше поен помалку за домашниот тим.

Кај Барселона во првиот пораз сезонава во Евролигата најефикасен беше Миротиќ со 14 поени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести