Третото пролетно коло на „Спортската прогноза“ веќе е подготвено и од денеска ќе може да почне да се типува до почетокот на првиот од понудените натпревари од популарната тринаесетка, сабота во 15.30 часот.
На менито повторно се 13 фудбалски натпревари од европските лиги, плус два резервни парови. Има и дерби мечеви што се во фокусот на вниманието, како дуелите меѓу Рома и Милан, Спортинг и Бенфика, Реал Сосиедад – Атлетик Билбао, Лион – ПСЖ. Со малку повеќе среќа и знаење, може да се дојде до големи награди.
Време за типување има доволно, само треба добро да се анализираат и погодат понудените двојки во добропознатата „Спортска прогноза“ на Спорт Манија.
Првата награда за секое коло е прекрасниот мобилен телефон „iPhone XS“, а за да го имате во колекцијата треба да ги погодите сите 13 двојки.
Со 12 погодени парови следи уште една многу вредна награда моблен телефон „„Samsung Galaxy A6 2018“.
Во секое коло има и ваучери за погодени 11 и 10 парови, а со континуирано учество ќе останете во игра за првите пет позиции во Генерален пласман на популарната 13-ка, кои исто така носат вредни награди.