Вест хем беше Баерн Минхен за најсиромашната европска лига на УЕФА

Вест хем и Баерн Минхен се единствените две екипи од трите европски купа во организација на УЕФА што освоија максимален број бодови, по 18 во фазата по групи.

Баварците тоа го сторија во најсилната клупска европска конкуренција, во Лигата на шампионите, а популарните Чекани од Лондон ист таков подвиг приредија во најслабата по ранг Конференциска лига.

Патот на Баерн до максимален број бодови секако беше многу потежок од тој на Вест хем, а германскиот првак успеа по двапати во својата група да ги победи Интер, Барселона и Викторија П’лзењ.

Вест хем доминираше во Б групата во Конференциската лига и по еднаш дома и на гости ги победи Андерлехт, Силкеборг и ФЦСБ.

Двете екипи ја чекаат ждрепката за осминафиналето во понеделник, Баерн во Лигата на шампионите од 12 часот, а Вест хем во Конференциската лига од 14 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести