Лондонското дерби за Челзи, Болоња ќе се „вади“ од зоната за испаѓање

Челзи – Вест хем (21 часот)

Во последниот меч од 33-тото коло во Премиер лигата се соочуваат две екипи од Лондон, малото градско дерби меѓу Челзи и Вест хем се игра на „Стемфорд бриџ“. Ова е одлична шанса за фудбалерите на Маурисио Сари да направат подвиг на табелата и да ја преземат третата позиција од Тотенхем, барем до следното коло, но за тоа ќе треба да ги совладаат „чеканите“.

Вест хем веќе го собра потребниот број бодови за да опстане во лигата, но целта на овој клуб е да биде во првите 10 екипи, а од тоа место заостануваат четири бода. Во поновата историја, Вест хем памети триумф на теренот од Челзи во 2002 година, а оттогаш ретко успевале да заминат и со еден бод од „Стемфорд бриџ“. Гледајќи ги последните пет меѓусебни дуели, Челзи има подобар учинок со 2-1, додека на последните две средби немало победник (1-1 и 0-0).

Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.40)

 

Болоња – Киево (20:30 часот)

По враќањето на Синиша Михајловиќ на клупата, Болоња го подобри учинокот, оствари четири победи, едно реми и четири порази, но и натаму водат тесна битка за опстанок во италијанската елита. Вечерва го пречекуваат Киево, тимот кој од следната сезона ќе игра во Серија Б, што значи дека ова е вистинска шанса да се излезе од зоната за испаѓање.

Болоња во 30 натпревари освои 27 бода, еден повеќе има Емполи, кој стои на 17-тото место, а по вечерашната средба тоа може да се смени. Сепак, не треба веднаш да се отпишува Киево бидејќи лани славеа пред публиката на Болоња со 1-2, а победија и пред две сезони, така што знаат како се освојувааат бодови на стадионот „Ренато Дал‘Ара“.

Предлог тип: 1X & 3+ (2.35)

 

Хамбургер – Магдебург (20:30 часот)

Хамбургер важи за голем фаворит во овој дуел, но големиот број повредени првотимци може да биде клучен фактор и да се „лизне“ против екипа која се бори за опстанок во втората Бундеслига. Добро е што најдобриот стрелец на Магдебург исто така е повреден, хендикеп кој може да биде во позла за домаќинот.

Во првиот овосезонски меѓусебен дуел Хамбургер славеше на гости со минимални 0-1, но сега се очекува поефикасен настап пред домашните навивачи.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.10)

 

Палермо – Верона (21 часот)

Дербито во 32-рото коло од Серија Б може да го одреди текот на настаните во завршниот дел од сезоната. Палермо е на третото место со 50 бода и два меча помалку, Беневенто има исто толку бодови, додека Верона е петта со 48 бода. Со освоени три бода, Палермо ќе се доближи до Лече и повторно ќе се врати во трката за директен пласман во италијанската елита.

Со Верона имаат позитивен учинок ако се земат предвид последните пет меѓусебни средби. Верона последен пат славела во 2014 година, оттогаш се сретнаа уште четири пати, Палермо на двапати се радуваше на победа, додека во два наврати ги поделија бодовите.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.35)

 

Ризеспор – Бешикташ (19 часот)

Бешикташ верува дека може да дојде до второто место во турскиот шампионат кое води во квалификации на ЛШ, но засега заостанува осум бода зад ривалот Галатасарај. Екипата од Истанбул не памети пораз во првенството по дебаклот од Касимпаша (4-1) кој го претрпе во декември минатата година, но вечерва ги очекува тежок предизвик бидејќи и Ризеспор е во форма, а само Фенербахче успеа да им нанесе пораз во последните девет средби.

Последната средба меѓу овие две екипи му припадна на Бешикташ со 4-1, а Ризеспор нема освоено ниту еден бод во последните шест првенствени пресметки против Бешикташ.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.93)

- Оглас -

Најнови вести