Хеунг-мин Сон по 10 години ќе си замине од Тотенхем, а негова следна дестинација ќе биде МЛС лигата и екипата на Лос Анџелес. Според американските медиуми, овој трансфер ќе биде рекорден, бидејќи Лос Анџелес мора да го откупи неговиот договор со Спарси, кој истекуваше следното лето.
Членот на МЛС лигата ќе плати обесштетување во висина од 26 милиони долари, односно 22,5 милиони евра, што ќе биде рекордна сума. Досегашниот рекорд го држеше Атланта јунајтед, која минатото лето плати 22 милиони дола (19 милиони евра) за Емануел Лате.