Сите се во исчекување на историското прво финале во Либертадорес купот помеѓу Бока јуниорс и Ривер плата. Сепак, последните слики кои доаѓаат од Буенос Аирес не веруваат ништо добро. Можно е да се одложи дуелот кој треба да се одигра на легендарната „Ла Бомбоњера“.
Не се работи за никакви навивачки нереди, туку за временски непогоди. Силниот дожд создаде проблеми во областа во која е и стадионот на кој треба да играат двата најголеми ривали во Јужна Америка. Фотографиите покажуваат дека околу стадионот има многу дожд и доколку тоа не се среди, поради безбедноста, може да се случи дуелот да се одложи.
Временската прогноза вели дека дождот не само што нема да престане, туку е можно да се засили токму за време на одигрување на дуелот.
Останува во следните неколку часа да видиме каква ќе биде ситуацијата во главниот град на Аргентина.
https://twitter.com/golazoargentino/status/1061236228266307584