Првиот голгетер на Тотенхем, Хари Кејн ќе игра во финалето од Лигата на шампиони против Ливерпул. Ова го тврди легендарниот играч на Тотенхем, Грем Робертс. Тој има разговор со Кејн и самиот фудбалер му открил дека се чувствува многу подобро и дека е подготвен за најважниот меч во клупската историја на лондонскиот клуб.
На дуелот против Манчестер сити во четвртфиналето од Лигата на шампиони, Кејн го повреди скочниот зглоб и речиси два месеци паузира. Финалето на ЛШ ќе се игра на 1 јуни во Мадрид.
„Организирав галавечер за хуманитарни цели, а таму беше и Хари Кејн. Веднаш го прашав како е и дали се чувствува подобро. Тој има менталитет на победник и сигурен сум дека ќе игра во финалето“, откри Робертс.