Лоша вест за Ливерпул: Хари Кејн ќе игра во финалето на ЛШ

Првиот голгетер на Тотенхем, Хари Кејн ќе игра во финалето од Лигата на шампиони против Ливерпул. Ова го тврди легендарниот играч на Тотенхем, Грем Робертс. Тој има разговор со Кејн и самиот фудбалер му открил дека се чувствува многу подобро и дека е подготвен за најважниот меч во клупската историја на лондонскиот клуб.

На дуелот против Манчестер сити во четвртфиналето од Лигата на шампиони, Кејн го повреди скочниот зглоб и речиси два месеци паузира. Финалето на ЛШ ќе се игра на 1 јуни во Мадрид.

„Организирав галавечер за хуманитарни цели, а таму беше и Хари Кејн. Веднаш го прашав како е и дали се чувствува подобро. Тој има менталитет на победник и сигурен сум дека ќе игра во финалето“, откри Робертс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести