Манчестер јунајтед неколку недели преговара со Аталанта за трансферот на Расмус Хојлунд и никако да се договори, а од денеска работите ќе станат потешки бидејќи и ПСЖ влезе во трката по потписот со данскиот Ерлинг Халанд, како што го нарекуваат медиумите во неговата татковина.
Француски „Лекип“ пишува дека ПСЖ сака да му го украде Хојлунд пред нос на Манчестер јунајтед и на Аталанта ѝ понудил 50 милиони евра отштета, а е подготвен и да ја зголеми понудата.
Светците веќе ги договорија личните услови со напаѓачот кој на „Паркот на принцовите“ треба да пристигне како замена за Килијан Мбапе.
Понудата на англискиот премиерлигаш е малку подобра, 50 милиони евра отштета и 10 милиони во бонуси, но Аталанта бара најмалку 70 милиони.