Лошо сценарио за Македонија – Клубовите притискаат тие да одлучуваат за настапи на фудбалерите за репрезентациите

Клубовите притискаат се повеќе за да им се овозможи тие да одлучуваат дали ќе им дозволата на своите фудбалери да играат за своите репрезентации, а ФИФА и УЕФА се пред сериозен испит.

Двете главни фудбалски федерации во август донесоа провизорна одлука за да ги заштитат клубовите, но таа се однесува само за патувања во исклучително ризични подрачја и во таков случај можеше да има забрана за настап на фудбалерите за својот национален тим.

Сега се најавува дека ќе има погубно сценарио според кое клубовите бараат од ФИФА и од УЕФА да им дадат потполни овластувања тие да одлучуваат дали ќе им дозволат на играчите да настапат во Лигата на Нации и во квалификациите за ЕП и за СП, додека трае кризата со корона-вирусот.

Притисокот е се поголем, а би бил исклучително погубен за Македонија, пред историскиот дуел со Грузија воТбилиси на 12. ноември.

Нашата репрезентација е речиси исклучиво составена од фудбалери што играат во странство, па некакво слободно толкување на нивните клубови, дали и кои играчи би можеле да играат за Македонија би било многу лошо за нас.

Сепак во целиот калабалак, веројатно ќе имаме среќа, па Пандев, Барди, Адеми, Алиоски, Велковски, Несторовски, Николов и останатите наши репрезентативци што играат во странски клубови био требало да играат без проблем против Грузија, бидејќи кусо е времето до 12. номеври за една ваква ризична и тешка одлука на ФИФА и на УЕФА.

Во Тбилиси за нешто помалку од еден месец ќе играме нокаут меч против Грузија и со победа ќе оствариме историски успех и пласман на Европското првенство идната година.

- Оглас -

Најнови вести