Ах, тој еден гол – Лошото прво полувреме на баскиското дерби поништи одличен тикет од 5.000 евра со уплата од 20 денари

Одличен тикет со уплата од 20 денари, за жал, не му донесе околу 5.000 евра на обложувач во Sport Life, a комбинацијата ќе беше комплетна и добитна ако имаше барем еден гол во првото полувреме на баскиското дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао.

Мрежите на Ремиро и на шпанскиот репрезентативен голман Симон мируваа по 45 минути игра, што ја поништи прекрасната добивка на одлично одиграниот тикет со девет парови.

Баскиското дерби е типувано со знак 1-2I&1-2II, или да има еден до два гола во двете полувремиња, а не беше исполнет првиот услов на мечот што заврши нерешено 1:1 со голови во второто полувреме.

Останатите 8 натпревари се прецизно погодени, меѓу нив и двојката на дуелот од Лигата на шампионите меѓу Баерн и Пари Сен Жермен.

Тикетот во бруто-износ носи 354.579 денари благодарение и на Lucky bonusot на Sport Life, во овој случај во вредност од скоро 30 илјади денари, но тивкото прво полувреме во Сан Себастијан не дозволи да се оствари вкупна добивка од околу 5.000 евра.

Како утеха за обложувачот е добивка во висина десеткратно поголема од влогот што е остварена благодарение на уплатата на тикетот со СЛ картичка на Sport Life. 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести