Ловрен има чудна порака преку Мистер Бин

Дејан Ловрен е повреден и речиси сигурно нема да игра вечерва за Ливерпул против Баерн на првиот осминафинален меч во европскиот класик на екипи што имаат по пет титули во Лигата на шампионите.

Додека заздравува од повредата, испрати чудна порака на Инстаграм што тешко се дешифрира, а го искористи ликот и делото на популарниот Мистер Бин.

„Мистер Бин ме научи на една многу важна работа во животот. Уживај во друштвото што го имаш наместо да очекуваш од други да те направат среќен“, напиша Ловрен.

Навивачите на Ливерпул сега се сомневаат дека Дејан не е повреден, туку дека има некаква друга причина зошто ќе го нема вечерва од 21 часот во составот на англискиот тим против Баерн.

Ловрен претрпе доста критики и претходно, кога во моменти на доминација на Ливерпул и серија без пораз од стартот на Премиер лигата најави дека може да се освои титулата без да се загуби ниту еден меч. И потоа, како за несреќа, Ливерпул почна да стагнира и ја загуби предноста од 7 бода пред Манчестер сити, иако сè уште има шанси за титулата во Англија.

- Оглас -

Најнови вести