Ловрен се истакна – Автогол од чалам на хрватскиот репрезентативец (Видео)

Дејан Ловрен може слободно да конкурира за најглупав фудбалски потег во 2020 година, а автоголот што си го постигна во 22-рата минута против Спартак Москва долго ќе се памети.

Со многу чалам и непотребен ризик, стоперот на Зенит се обиде со гради да му ја врати топката на голманот Лунев, а наместо во рацете на чуварот на мрежата, топката заврши во мрежата.

Дербито што се игра во Санкт Петербург е во тек и по 75 минути игра, резултатот е 2:1 за Зенит.

Zenit 1-[1] Spartak 21’ Dejan Lovren own goal (Great Goal) from soccer

- Оглас -

Најнови вести