Ловрен со еден знак ги изнервира навивачите на Ливерпул: Со тебе ќе загубевме 8:1

Со популарното смајли што плаче, Дејан Ловрен се јави на „Твитер“ по дебаклот на Ливерпул против Манчестер сити од 1:4 во големото англиско дерби што се одигра вечерва на „Енфилд роуд“.

Тоа симпатизерите на Ливерпул го сфатија како провокација, па веднаш вербално го нападнаа на социјалните мрежи.

„Со тебе во тимот ќе загубевме 8:1“ е еден од одговорите на загрижените навивачи на Ливерпул. Титулата е многу далеку, Ливерпул сега заостанува за 10 бода зад лидерот Манчестер сити и има меч повеќе, па речиси е невозможна мисијата да се одбрани пехарот што лани беше освоен по три децении пауза.

Ловрен си замина од Ливерпул и за 12 милиони евра се пресели во Зенит, а постојано реагира, особено по неуспесите на неговиот поранешен тим.

Претходно изјави дека тој повеќе му недостасува на Ливерпул, во ситуација кога тимот има проблеми со повреди на стоперите, отколку што Ливерпул му недостасува нему. Ловрен постојано истакнува дека незаслужено имал мала минутажа во редовите на актуелниот првак, а грото навивачи и не се согласуваат со него.

 

- Оглас -

Најнови вести