25.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Лозана не е тим од кој Вардар треба да се плаши, Швајцарците имаат само четири победи во последните 17 меча

Вардар ја архвираше епизодата наречена Ла Фиорита. Со победа од 3:0 и реми 2:2, Црвено-црните се пласираа во второто коло од квалификациите за пласман во Конференциксата лига на УЕФА. Следен ривал е тимот на Лозана.

Се работи за швајцарска екипа која заврши на петото место во првенството. Тоа што е интересно е дека пред само две години, овој клуб играше во втората лига, но со вистински вложувања, носење на квалитетни засилување, Лозана сега е во Европа и стартот на новата сезона ќе ја има против Вардар.

Вардар е во одлична серија од 20 меча без пораз (13 победи и седум нерешени). Последен пат Вардар во официјален загуби на 16 февруари од Шкендија. Ако Вардар во овој период, од 16 февруари до денеска нема ниту еден пораз, тоа не може да се каже за Лозана.

Швајцарскиот тим игра променливо и нестабилно. Ако се погледнат резултатите токму од 16 февруари до сега, Лозана одигра 17 дуели од официјални натпреварувања, а билансот не е за пофалба.

Во изминативе нешто повеќе од пет месеци, Лозана има осум нерешени, пет порази и четири победи во дуелите во регуларните 90 минути. Тоа значи дека Лозана не е некој тим кој игра стабилно и од кој вардарци треба да се уплашат.

Првиот меч меѓу Вардар и Лозана ќе се игра на 24 јули на арената „Тодор Проески“ во Скопје и тоа треба да биде момент најтрофејниот македонски тим да нападне и да се обиде да стигне до предност пред реваншот кој е закажан за 31 јули.

Факт е дека на Вардар ќе му биде потребна поддршка и од навивачите и затоа треба да бидат исполнети трибините на Арената во Скопје.

Симболична е цената на билетите за овој меч во Скопје против Лозана, а сите информации околу купување на карта, може да ги најдете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести