Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Шпанија, Иско, минатото лето се пресели во Бетис и потпиша договор до крајот на тековнава сезона. Сепак, се чини дека на фудбалерот му се допадна Севиља, па Бетис и Иско потпишаа нов договор со важност до 2027 година.
Триесет и едногодишниот фудбалер во својата богата кариера освен за Реал, настапуваше и за Севиља, Малага и Валенсија. За репрезентацијата на Шпанија има одиграно 38 натпревари на кои постигнал 12 гола, додека оваа сезона дресот на Бетис го носеше на 23 меча со ефект од три гола и четири асистенции.