Луческу: Нејмар можеше да потпише за Шахтар за 15 милиони евра, но претседателот не сакаше да плати толку

Еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот, романскиот стручњак Мирчеа Луческу, кој сега го води Динамо Киев, даде интересна изјава во врска со периодот кога го водеше Шахтар. Според Луческу, клубот од Доњецк можел да го купи Нејмар од Сантос само за 15 милиони евра, но не го направиле тоа бидејќи претседателот Ринат Ахметов не сакал да плати толку многу.

Луческу не кажа која година било ова, бидејќи Нејмар во 2013 година од Бразил во Барселона премина за 90 милиони евра. Луческу седеше на клупата на Шахтар од 2004 до 2016 година и во тој период таму играа многу Бразилци, кои сега се ѕвезди во европски рамки.

Има и една друга верзија за ова. Ахметов има изјавено дека во 2009 година Шахтар нудел 25 милиони долари за Нејмар, но Сантос ја одбил понудата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести