Бпстон селтикс победи со 110-107 на гостувањето кај Филаделфија во најинтересниот меч во НБА лигата одигран рано утрово.
Најдобриот тим на Истокот со тројка на Џејсон Тејтум на 1,3 секунди до крајот, поведе со 110-107, а домашните успеаја реку Џоел Ембид да дадат тројка од 20-тина метри, но откако гледаа снимка, судиите пресудија дека шутот на Ембид е задоцнет за милисекунда.
Интересно е дека играчите на Бостон почнаа да се радуваат уште додека топката леташе кон нивниот кош, а кога баскетот влезе низ обрачот, публиката почна да слави, а Селтикси престанаа да се радуваат и на кратко беа во шок.
На Западот се сретнаа првиот и вториот на табелата, а победи Мемфис, кој со 112-94 го совлада Денвер. Никола Јокиќ (15 поени и 13 скока) и другарите беа неутрализирани.
Сан Антонио спарс го претрпе и 16-тиот пораз по ред, овој тим повеќе од еден месец не знае за победа, нешто што ретко му се случило на славниот тренер Грег Попович во неговата кариера.
https://twitter.com/i/status/1629694024457043969