Манчестер јунајтед и Борнумт го одиграа еден од најдобрите натпревари оваа сезона не само во Англија, туку и воопшто во Европа. „Црвените ѓаволи“ трипати имаа водство, но на крајот не успеаја да победат.
За разлика од нив, гостите и третпат по ред постигаа три гола на гостувањето на „Олд Трафорд“, што е историски подвиг, но не успеаја и третпат да си заминат со целиот плен.
Домашните дојдоа во водство преку Дијало во 13-тата минута, но Семенјо во 40-тата минута израмни на 1-1. Каземиро во четвртата минута од продолжението на првиот дел се погрижи Манчестер јунајтед да оди на пауза со водство.
Еванлисон само неколку секунди од почетокот на второто полувреме израмни на 2-2, а Таверние во 52-рата минута ги донесе гостите во водство од 2-3.
Бруно Фернандеш во 77-мата минута израмни на 3-3, а Куња само две минути донесе ново, трето, водство за Манчестер јунајтед.
Конечните 4-4 ги постави Крупи во 84-тата минута, а до крајот на мечот немаше да биде незаслужено доколку било која од екипите и победеше на „Олд Трафорд“.
По 16-тото премиерлигашко коло, Манчестер јунајтед е на делба од петтата до осмата позиција со 26 бода, колку што имаат и Кристал Палас, Ливерпул и Сандерленд. Борнмут е на 13-тата позиција со 21 поен.

