Екипите на Лукезе и Албинолефе одиграа супер возбудлив натпревар од групата А во италијанската Серија Ц, а финишот беше неочкувано интересен бидејќи до 73-тата минута гостите имаа предност од 5-0. На Лукезе, кој е последен на табелата, му се закануваше катастрофален пораз, но работите на теренот почнаа да се менуваат.
Бјанки во 73-тата минута намали на 1-5, една минута подоцна Нанели погоди за 2-5, Бенаси во 80-тата даде гол за 3-5, и дебаклот беше избегнат. Домашните се обидуваа уште повеќе да ја стопат негативата, а тоа им успеа во 90-тата минута преку Меучи.
Сепак, беше предоцна за пресврт, немаа доволно време за петти гол, па загубија, но барем не се посрамотија, а малку фалеше да влезат во историјата на фудбалот бидејќи којзнае дали некогаш се случило некој тим да се спаси од пораз после 0-5 по 73 минути игра.