Луд меч во Рим, Лацио стигна 0:3 против Аталанта

Лацио покажа дека никогаш не се предава и успеа да стигне до бод во дуелот против Аталанта, иако на полувремето губеше со 0:3. Мечот го оправда епитетот на дерби, иако по првите 45 минути не делуваше така.

Со двата гола на Муриел, Аталанта најави дека не е дојдена да се брани на „Олимпико“, а веќе во 37 минута Гомез погоди за 3:0 за гостите. Лацио делуваше дека е готов, но домаќините покажаа дека на свој терен може да достигнат секаква негатива.

Во период од помалку од две минути со голот од пенал на Имобиле и погодокот на Кореа, Лацио намали на 2:3, а вистинска драма се случи во последните моменти. Во судиското надополнување беше досуден втор пенал за Лацио, а Имобиле повторно погоди за 3:3.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести