Луд ритам: До почетокот на Мундијалот, само четири дена ќе мируваат клубовите од Серија А

В сабота од 15 часот започнува дуелот Наполи – Торино, прв во осмото коло во Серија А. Токму со оваа средба започнува маратонот на италијанските клубови. Од 1 октомври, па во следните шест недели клубовите од Серија А ќе одиграат вкупно 116 натпревари.

Само четири дена ќе бидат слободни во кои нема да игра ниту еден тим од Серија А. Тие денови се 7, 14 и 28 октомври, плус 7 ноември. Во останатите 43 дена ќе бидат одиграни 80 средби во Серија А, 28 во еврокуповите и осум во Купот на Италија.

Мундијалската пауза започнува на 13 ноември, а дотогаш ќе се одиграат осум кола во Серија А, четири кола во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, плус 16-финалето во Купот на Италија.

Најмалку мечеви во овој период од калчолигашите ќе одигра Аталанта. Тимот од Бергамо ќе игра во Европа, го скокнува првото коло од Купот на Италија, што значи дека ќе ги одигра само осумте средби од Серија А.

- Оглас -

Најнови вести