Луд тикет, само со три погодени меча до добивка од 9.000 евра

Храбар тикет на кој има само три натпревари и е уплатен со 2.000 денари му донесе добивка од 548.700 денари (речиси 9.000 евра) на еден обложувач во Sport Life во Гевгелија. На тикетот се одиграни три меча, на кои два беа со изразити фаворити.

Сите три меча се со ист принцип. Требаше да бидат 2-2& 2+ прво полувреме. Така и беа, но не смее да се заборави дека среќата одигра значајна улога за добитен тикет.

КОГА САКА, САКА: ГОЛОВИ ПАЃАА ВО  45+1 МИНУТА И 45+5 МИНУТА

Реал Мадрид без проблеми со 4:1 победи на гости кај Гранада, а гостите на полувреме имаа предност од 2:0. Модриќ погоди во 17-тата минута, а да биде тикетот добитен, се погрижи Родриго со погодокот во 45+1 минута. Во вториот дел Кралскиот клуб рутински ја задржа предноста и стигна до трите бода.

Финалето на Германскиот куп го освои Борусија Дортмунд, и тоа благодарение на убедливата победа против Лајпциг од 4:1. Санчо погоди во петтата минута, а на 2:0 зголеми Халанд во 28-мата минута. До полувремето, Милионерите веќе водеа со 3:0.

Розенборг со 5:0 славеше против Викинг, а и на овој меч се случуваше драма на крајот од првиот дел. Фаворитот лесно поведе со 1:0 во 25-тата минута, а за вториот погодок се чекаше до 45+5 минута, кога домаќините погодија за 2:0. Едноставно, ова е доказ дека среќата некогаш треба да ги „замеша прстите“ за да се стигне до добивка.

- Оглас -

Најнови вести