Луда среќа: Доби 3.000 евра, откако гостите дадоа голови во 91-вата и 96-тата минута, а на друг меч погодок падна во 94-тата минута

Еден обложувач кој уплатил во Кочани во Sport Life, само со 50 денари влог стигна до добивка од 192.705 денари, односно малку над 3.000 евра. Експертот има одиграно 10 меча од понеделник, вторник и среда и сите на крајот се погодени.

Најдраматично беше на дуелот од бразилското првенство меѓу Сао Пауло и Палмеирас. Сао Пауло загуби со 1:2 иако на полувреме имаше предност од 1:0. Палмеирас со погодоци во 90+1 и 90+6 минута направи неверојатен пресврт и стигна до победа за гол-гол и двојка.

Велес Сарсфилд дома го погоди Росарио со 2:0, а домаќините на полувреме водеа со 1:0, додека Гимнасија ЛП пред свите навивачи со 3:1 го победи Расинг. Годој Круз со 2:1 беше подобар од Дефенса, а со ист резултат Индепендиенте победи над Естудијантес за добитна комбинација ГГ3+.

Шапокоенсе дома загуби од ЦР Бразил со 1:2, во меч на кој уште на полувреме беше 1:1 за гол-гол комбинација.

МАЈСТОР ЗА НОРВЕШКИ ФУДБАЛ, ГОЛ ВО 94-ТАТА МИНУТА ГО „ОЖИВЕА“ ТИКЕТОТ

Во понеделникот имаше четири меча од норвешкото првенство и сите четири се успешно погодени на голови. Асане дома загуби од Ранхајм со 1:2. Гостите водеа со 2:0, а во 94-тата минута Асане даде почесен гол, погодок кој го „оживеа тикетот“ за да биде погодена играта ГГ3+.

Скиед дома загуби од Согндал со 2:3 за лесно погодена комбинација ГГ3+, а Сандерс и Осло одиграа 2:2 за гол-гол. На дуелот Консвингер – Гроруд конечниот резултат беше 2:2 и тоа исто така беше одлично за играта на голови.

- Оглас -

Најнови вести