Луди комбинации, Норвешка и со победа над Исланд може да нема обезбедено полуфинале

Иако делува дека непоразената Норвешка е сигурен полуфиналист на Европското првенство во ракомет, Норвежаните можеби и со победа вечерва над Исланд нема да имаат обезбедено полуфинале. Ова најавува огромна борба во групата 2 за местата кои водат во полуфинале. Од шесте тима, само Шведска нема шанса да биде прва или втора.

Норвешка нема пораз на ЕП и ако го победи Исланд, ќе го елиминира тимот од островот на северот на Европа. Норвежаните само еднаш беа полуфиналисти, во 2016 година. И Португалија ќе биде елиминирана ако загуби од Словенија. Словенците ја имаат втората најдобра одбрана на ЕП по Хрватска.

Ако победат селекциите кои сега се на првите три позиции, последното коло ќе пресуди кои ќе бидат полуфиналисти, Норвешка, Унгарија и Словенија ќе се борат за двете места. Унгарија има добиено само еден од последните девет дуели против Шведска, и тоа во 2009 година, па не треба да се биде сигурен дека Швеѓаните ќе бидат лесен залак.

- Оглас -

Најнови вести