Луди сцени во Шпанија: Елденсе по 59 години ќе игра во Сегунда (Видео)

Екипата на Елденсе од малото градче Елда во близина на Валенсија е нов член на шпанскиот второлигашки ранг, Сегунда, откако во луда завршница го емилинира младинскиот состав на Реал Мадрид во финалето на третата лига.

Првиот натпревар против Кастиља заврши 1-1, а на реваншот младите Кралеви имаа предност од 0-2 само по 34 минути игра. Следуваше комплетно враќање во игра на екипата на Елденсе, која успеа да израмни на 2-2 и натпреварот отиде во продолженија од двапати по 15 минути.

Во 108-мата минута беше досуден сомнителен пенал за Реал Кастиља, кој беше реализиран, но домашните успеаја да израмнат во 114-тата минута и така да се пласираат во повисок ранг. Според правилата, во овој случај не се шутираа пенали, а одлучувачки беше подобриот пласман во регуларниот дел од сезоната на Елденсе.

Откако судијата свирна крај по седум минути продолжение на вторите 15 минути, следуваше лудо славење на стадионот бидејќи Елденсе се враќа во второтлигашкиот фудбал по 59 години и ова за нив е трета промоција по ред откако само пред две години играа во четвртата лига.

- Оглас -

Најнови вести