Лудило: Бензема навреме ги разбуди Галските петли, кои направија ѓаволски пресврт (Видео)

Со головите на Карим Бензема, Килијан Мбапе и Тео Ернандес, репрезентацијата на Франција во Торино со 3-2 ја совлада Белгија и ќе игра против Шпанија во финалето на Лигата на нациите.

Белгијците водеа со 2-0 до 62-рата минута, а тогаш индивидуалната мајсторија на Бензема и неговиот гол за 1-2 „го разбуди ѕверот“ во Триколорите, кои се растрчаа по теренот и набрзо дојдоа до 2-2, кога Мбапе реализираше пенал. Судијата се консултираше со ВАР при пеналот, а ВАР им помогна на светските прваци и во 87-мата минута, при 2-2, кога Ромелу Лукаку даде гол, кој беше поништен поради офсајд.

Белгијците уште жалеа што голот им беше поништен, а на другата страна примија гол. Јунак на Франција е Тео Ернандес, кој за првпат играше заедно со брат му Лукас во почетниот состав на селекторот Дидие Дешамп.

https://twitter.com/i/status/1446212551721750536

- Оглас -

Најнови вести