Лудило: Унгарците имаат резултат за осминафинале, чудни пенали на дербито во Будимпешта

Последните 45 минути од групната фаза на ЕВРО 2020 ќе бидат решавачки за тоа кои ќе бидат осминафиналните двојки, а може да се случи Германија да извиси, бидејќи дома губи од Унгарија со 0-1. Адам Салаи, кој игра за Мајнц во Бундеслигата, погоди за сензационално водство на Унгарија, која ако победи, оди понатаму иако е аутсајдер во „групата на смртта“.

Драма има и во Будимпешта каде што во реприза на финалето од претходното ЕП, Франција и Португалија играат 1-1, со голови од пенали. Кристијано Роналдо и Карим Бензема беа стрелци на головите. Ако средбата заврши вака, Португалија во осминафиналето треба да гостува кај Англија, но после тој пекол, на победникот му следува, барем на хартија, полесна задача во четвртфинале и полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести