Патрик Шик е јунакот на Баер Леверкузен и човек кој со два гола, во 93-тата и 97-мата минута, го однесе тимот во четвртфиналето на Лигата на Европа по супер драматичен дуел со Карабах и победа од 3-2.
Исто како и на првиот меч во Азербејџан, Карабах поведе со 2-0, а Леверкузен го избегна првиот пораз сезонава со гол на Чехот Шик во 92-рата минута.
Вечерва на „Бај арената“ имаше слично сценарио, Карабах поведе 2-0, а Шик најпрвин израмни на 2-2 во 93-тата, а четири минути подоцна даде уште еден гол за целосен пресврт и пласман во следната фаза во која одат и Ливерпул, Рома и Аталанта од мечевите кои се играа од 21 часот.
Голот на Шик за 3-2 погледнете го ТУКА.