Откако еден навивач на терен фрли секси играчка на натпревар од женската кошаркарска ВНБА лига помеѓу Атланта и Голден Стејт, овој бесмислен и сексистички чин продолжи и на други дуели, па судиите мораа и тие мечеви привремено да ги прекинат.
Интересно е дека обложувалниците во САД решија да понудат квоти за тоа каква боја ќе биде следното фрлено „дилдо“, а информациите се дека луѓе повеќе се обложувале на тоа отколку на исходот од натпреварот.
Првите три пати беше зелена боја, а еднаш виолетов. Во понудата има дека дилдото ќе биде сино, црно, шарено, бело…
Поригорозното проверување на гледачите пред влезовите не ги спречи овие шовинистички испади на натпреварите на ВНБА и ќе мора да се најде друг начин да се искорени овој тренд.