Макс Ферстапен ја запиша осмата победа сезонава по трката за Големата награда на Унгарија. Актуелниот светски првак на сензационален начин прв ја мина целта, откако стартуваше од 10-тата позиција, што е втора победа во низа за возачот на Ред бул, по триумфот во Франција минатиот викенд.
Одличен настап имаше и Луис Хамилтон за освојување на второто место на патеката Хунгароринг, ако се знае дека Британецот тргна од седмото место. Расел добар период од трката го држеше лидерското место по вчерашната освоена пол-позиција, за на крај да се задоволи со подиум со трето најдобро време.
Возачите на Ферари се лузери на денот откако Сајнц заврши како четрвти, а тргна од втората позиција, Леклер падна на шестото место иако почна како трет, додека Перес од Ред бул направи подвиг од 11-тото место до петта позиција на трката.