8.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Лудница на африканското првенство: Губеа со 0:1 до 90+5 минута, а на крајот победија (Видео)

Репрезентацијата на Буркина Фасо славеше со 2:1 над Екваторијална Гвинеја, во меч од првото коло на Африканскиот куп на нациие. Овој меч ќе се прераскажува по неверојатниот финиш.

Екваторијална Гвинеја остана со играч помалку откако во 50-тата минута Ндонг доби директен црвен картон, и тоа поради груб прекршок. Иако со играч помалку, токму Екваторијална Гвинеја прва постигна гол, и тоа по прекин од корнер во 85-тата минута.

Буркина Фасо ја имаше фаворитската улога пред мечот, а иако беше во резултатска негатива во самиот финиш на дуелот, тие не се предадоа. Главниот судија покажа дека ќе се играат дополнителни осум минути, што беше доволно за Буркина Фасо да направи целосен пресврт.

Во 90+5 минута Буркина Фасо израмни на 1:1, а во 90+8 минута беше комплетиран неверојатниот пресврт со голот на Тапсоба за голема радост на фановите на оваа репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести