Мундијалските квалификации во Африка донесоа едно големо изненадување, Зеленортските острови (Капо Верде) го победија Камерун со 1-0 и на две кола до крајот се лидери во својата група со четири бода предност пред фаворитот.
Даилон Роча Ливраменто од Верона беше стрелец на голот кој може да биде историски бидејќи ширум ја отвори вратата за прво учество на СП во фудбал на оваа мала островска држава само со околу 600.000 жители.
Во следното коло во октомври, селекцијата на Зеленортските Острови гостува кај Либија и ако победи, ќе обезбеди место на СП. Ако не успеат против Либија, во последното коло ќе имаат уште една шанса, и тоа дома против Есватини, кој е најслаб тим во групата.
Еве како Ливраменто им побегна на камерунските дефанзивци и го совлада Онана:
⚽️ GOAL | Livramento hunts Andre Onana!
🇨🇻 Cape Verde 1-0 Cameroon 🇨🇲pic.twitter.com/bdijnZiZFj
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 9, 2025