Во НХЛ е лудо и незаборавно – Хартман се степа со Кејн, екссопругата на ривалот му донира пари да ја плати казната

Рајан Хартман игра одлична сезона за Минесота вајлд и речиси сигурно ќе игра во плејофот, а се најде во многу интересна ситуација на мечот со Едмонтон ојлерс, завчера.

Минесота го декласира тимот од Канада со 5:1, а во финишот на мечот Хартман се степа со Евандер Кејн.

Тепачката беше жестока, а и кога прекина физичката пресметка, имаше вербален дуел, поради кој хокеарот на Минесота е казнет.

https://twitter.com/BR_OpenIce/status/1514068864744648707?s=20&t=5OwaWtPaBaiJ8xxdNqdZcA

Хартман му покажа среден прст на Кејн и е казнет од НХЛ со 4.250 долари поради неспортско однесување.

И потоа се случи чудо што е лудо, па екссопругата на Кејн уплати донација на сметката на Хартман за да ја плати казната.

Се приклучија и навивачите на Минесота, па Хартман изјави дека е воодушевен од гестот.

„Сум бил казнуван и претходно, но вакво нешто нема доживеано. Навивачите на Минесота се закон и постојано ми уллаќаат пари на сметка. Воодушевен сум и им благодарам, но сам ќе си ја платам казната, а сите пари што ми пристигнаа ќе ги донирам на болницата за педијатрија во Минесота“, објави на „Твитер“, Хартман.

 

 

- Оглас -

Најнови вести