Лудо на „Сан Сиро“: На Милан му поништија чист гол во 92 минута, а потоа загуби со погодок во 95 минута (Видео)

Милан киксираше на свој терен откако загуби во дуелот со Специја, во меч од 22. коло во италијанската Серија А. Росонерите кои се во потера на скудетото, беа шокирани од тим на кој главна цел му е опстанокот.

Првото полувреме не најавуваше дека е можен шок на „Сан Сиро“. Во 45 минута беше досуден пенал за Милан, а откако Тео Ернандес промаши, Леао успеа да реализира за 1:0.

Дека Специја нема да се предаде гостите покажаа со погодок во 64 минута кога Кевин Агудело погоди во 64 минута за 1:1. Милан беше многу подобар, домаќините постојано напаѓаа, но не можеа да го скршат отпорот на противниците.

Во судиското надополнување се случи вистинска драма. Милан даде гол, но главниот судија само неколку моменти претходно досуди фаул за Росонерите, без да има чувство дека акцијата требаше да ја остави да продолжи. Судијата веднаш се извини за грешката.

Истекуваше последната петта минута од продолжението, која Специја направи контра напад, а Гуаси погоди за победа на гостите од 2:1.

- Оглас -

Најнови вести