Лудо признание на Тајсон: Напушен дојдов да се борам

Мајк Тајсон ноќеска го оствари својот камбек во рингот по 15 години пауза, егзибицискиот меч против Рој Џонс јуниор заврши со реми. 

Поранешниот светски првак во тешка категорија беше горд на себе што си докажа дека е во добра боречка форма по една и пол деценија, но она што го откри на прес-конференцијата беше големо изненадување.

На прашањето дали Тајсон конзумирал марихуана пред мечот, тој без проблем кажа дека бил напушен за време на борбата.

„Не можам да престанам да пушам, тоа е факт. Таков сум, со тоа и ќе умрам. Секако дека пушев пред борбата, пушев и сега пред прес-конференцијата. Пушам и ќе продолжам да пушам секој ден“, посочи Тајсон.

Инаку, познато е дека Челичниот Мајк води успешен бизнис со производство на марихуана и лекови за алтернативно лекување, а никогаш не криеше дека е обожавател на рекреативната билка.

- Оглас -

Најнови вести