30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Лудогорец го регистрираше Бразилецот кој пред три месеци го расплака Роналдо

Бугарскиот првак Лудогорец за натпреварите со Шкендија во плејофот за влез во главната фаза од Лига Европа ќе го има на располагање и едно од своите нови засилувања, Матеус Мачадо, кој дојде на позајмица од саудискиот Ал Фатех.

Овој 22-годишен Бразилец висок 186 сантиметри, не беше се составот за натпреварите против Ференцварош, но ќе му биде на располагање на тренерот Руи Мота за дуелите со македонскиот првак. 

Јужноамериканецот ги мина младинските школи во Гремио и Насионал Атлетико, во Европа прва станица му беше Черно море од Варна, па добро му е позната Бугарија. Од Черно Море прејде во Белгија, во Зулте Варегем каде остана две сезони. Тој веќе го имаше своето деби за Орлите од Разград во ремито без голови против Локомотив Софија. Во дресот на Ал-Фатех, на 13 меча даде два гола. 

Еден од тие голови му беше на 26-ти мај, за победа над Ал-Наср од 3-2. Мачадо погоди во 96-та минута и го комплетираше пресвртот откако Ал-Наср водеше 2-1 со голови на Кристијано Роналдо и Садио Мане. После тој меч разочараниот Португалец најави заминување од клубот, но разделбата не се случи и Кристијано остана во Ал-Наср.

- Оглас -

Најнови вести