Шкендија и Лудогорец ќе играат двомеч за тоа кој тим ќе избори место во групната фаза од Лига на Европа, а кој ќе мора да се задоволи со настап во групата од Конференциската лига на УЕФА.
Првиот меч се игра в четврток на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а гостите од Бугарија нема да бидат осамени. Најавено е дека навивачи на Лудогорец ќе допатуваат во Скопје, а од бугарскиот клуб дадоа инструкции за нивните фанови.
Сите оние кои индивидуално ќе решат да тргнат на пат кој Скопје, ќе мора до утре до 17 часот да ги потврдат своите билети, кои за гостинските навивачи чинат 610 денари, односно 10 евра.
Билетите за домашните навивачи за дуелот во Скопје се по цена од 300 денари.