Лудост или храброст? Новиот газда на Челзи во контакт со агентот на Кристијано Роналдо!

Амбициите на Челзи за ова лето се големи по смената на сопствеништвото, па клубот од Лондон секојдневно се поврзува со звучни имиња иако засега во екипата на Томас Тухел нема нови лица.

Нејмар, Левандовски, Стерлинг, Де Лихт, Кунде, се само дел од желбите на новиот газда Тод Боели, но последната информација која пристига од Островот е вистинска „бомба“.

Имено, новинарот на „Атлетик“ Дејвид Орстин, тврди дека Боели минатата недела се сретнал со Жорж Мендеш, агентот на Кристијано Роналдо. Состанокот се одржал во Португалија, а токму ѕвездата на Манчестер јунајтед била главна тема.

Иако се очекува Роналдо да остане на „Олд трафорд“ и покрај тврдењата дека не е задоволен што нема да игра во Лигата на шампионите, лондонскиот клуб истакнува огромни амбиции да создаде тим што ќе се бори на сите фронта.

За Сините, парите не се проблем во овој момент, ќе понудат колку што треба и би ги исполниле финансиските услови на еден од најдобрите голгетери во историјата. Но прашање е дали Роналдо би играл за друг англиски клуб, ако веќе се знае дека лани го одби Сити само за да се врати меѓу Црвените ѓаволи.

https://twitter.com/David_Ornstein/status/1540758077888135170

- Оглас -

Најнови вести