Дојде крајот и на неверојатна серија на Баерн Минхен. По 16 победи по ред, баварскиот клуб ремизираше (2-2) на гостувањето против Унион Берлин. Хари Кејн го спаси Баерн од пораз со голот во 93-тата минута.
Данило Доеки беше двоен стрелец за Унион Берлин. Донесе водство во 27-та минута, а потоа и во 83-тата минута. Најубавиот гол на мечот беше дело на Луис Дијас во 38-та минута, кога погоди речиси од „мртов агол“.
Баер Леверкузен го декласира Хајденхајм со 6-0. Патрик Шик и Ибрахим Маза постигнаа по два гола, а погодија и Хофман и Поку.
Хофенхајм го совлада Лајпциг со 3-1, а Хамбургер и Борусија Дортмунд одиграа 1-1.

