35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Луис Дијас ја одби Барселона, ќе потпише за Баерн Минхен

Луис Дијас неодамна беше во центарот на вниманието, откако наместо на погребот на неговиот соиграч Диого Жота, тој се забавуваше, па сега е јасно дека следната сезона нема да биде дел од Ливерпул.

Колумбиецот долго се поврзуваше со Барселона, но сега веќе е јасно дека неговиот следен клуб ќе биде Баерн Минхен. Гигантот од Германија е подготвен да плати 60 милиони евра за неговите услуги, иако неговата вредност е 70 милиони евра, па сега останува уште неговиот менаџерски тим да ги договори личните услови со „баварците“.

- Оглас -

Најнови вести