12.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Луис Енрике: Не ми се допаѓа што страдавме премногу против Монако

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изрази критика по ремито 2-2 со Монако во плејофот на Лигата на шампионите. И покрај тоа што двомечот беше неизвесен, парижаните се пласираа понатаму со вкупен резултат 5-4.

„Не ми се допаѓа кога мораме да страдаме толку многу на вакво ниво. Не е пријатно, но тоа е дел од фудбалот“, изјави Луис Енрике.

„Имавме напорен распоред, а Монако е многу силен тим, што мора да го признаеме. Во првото полувреме ни недостасуваше прецизност. Контролиравме голем дел од натпреварот, постигнавме два гола, што беше идеален резултат, но во последните моменти примивме гол и ситуацијата стана ризична. Сепак, задоволни сме што продолжуваме понатаму“, додаде шпанскиот стратег.

„Најважно е постојано да се подобруваме бидејќи натпреварите на вакво ниво го бараат тоа“, истакна Енрике.

„Треба да продолжиме да ги применуваме работите што ни носат успех. Подготвени сме да се соочиме со секој противник. Нашиот пристап останува ист, во секое натпреварување се стремиме кон максимумот“, заклучи тренерот на ПСЖ.

Во осминафиналето на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен ќе игра против Барселона или Челзи, а ждрепката е утре.

- Оглас -

Најнови вести