Сосема неочекувано Пари Сен Жермен загуби од Ботафого со 1:0 во второто коло од Светското клупско натпреварување. Европскиот првак имаше целосна доминација на теренот, дури 75 отсто посед на топка, но Ботафого упати двојно повеќе удари во рамките на голот, а бразилците одлично ја бранеа својата мрежа.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике призна дека Ботафого одлично се бранел и дека тоа е клучот за поразот на Светците. Енрике вели дека сезонава ниту еден тим против кој играле, немал толку добро поставена одбрана.
„Очигледно е дека Ботафого беше тимот кој најдобро се бранеше против нас во текот на целата сезона што ја имавме, вклучувајќи ги и мечевите од Лига на шампиони и француското првенство. Уште од самиот почеток на мечот направија низок блок и беа многу ефикасни. Беа обединети. Ние не успеавме да доздадеме ниту една шанса за гол, што не е вообичаено за нас“, рече Енрике.
И поркај поразот, ПСЖ е на пат да ја помине групната фаза, затоа што во последното коло игра против аутсајдерот Сиетл. Енрике е убеден не само дека ќе го победат Сиетл, туку дек ПСЖ на крајот ќе го освоии трофејот.
„Немам дилеми. Ние сме главен фаворит за освојување на трофејот“, оптимистички најави тренерот на ПСЖ.
Голот со кој Ботафого го победи ПСЖ, може да го видите ТУКА.