Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, призна дека е подготвен да ја жртвува серијата без пораз во францускиот шампионат, за тимот да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Парижаните веќе ја освоија Лига 1 и немаат пораз на четири кола до крајот.
„Нашата главна цел не се рекордите, туку титулите. Ако некој ме увери дека поразот од Ница ќе ни овозможи да стигнеме до финалето на Лигата на шампионите, веднаш ќе се потпишам. Но, бидејќи никој не може да го гарантира тоа и бидејќи ние сме амбициозна екипа способна за таков рекорд, мислам дека ќе биде добро за нашата самодоверба пред натпреварот против Арсенал да дадеме сè од себе против Ница“, изјави Шпанецот.